Виолинистката Пламенка Трајковска го објави својот најнов сингл „Балканска песна број 11“ (Balkan song No.11) , за која сними и спот.
„Овој бисер, сниман со гудачки квартет, е вистински музички омаж на балканската традиција, инспириран од македонската народна песна ‘Билјана платно белеше“, вели Пламенка Трајковска, која е авторка и изведувачка на песната, заедно со Милена Гиевска-Андоновска на виолина, Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.
Песната е дел од новиот албум „Балканско патување“, музичко-истражувачки проект кој ја обединува класичната музика со богатството на мелодии и ритми од сите балкански региони. Снимена е во студиото „Подрумот“ на продуцентот Ангел Ќосев и веќе е достапна на сите музички платформи.