Поп-пејачката Мелани Тарчуловска ја промовираше новата песна „Шах- мат“, нејзин четврти сингл.
„Сите мои авторски песни се со брз ритам, модерен бран од делот на поп, латино трап и аренби звукот. Тематата на песната ја опишува насловот. Во ‘Шах- мат’ пеам за луѓето кои секогаш се враќаат кога е предоцна и луѓето со повеќе лица. Овој проект нема посветеност туку е реализација на моите идеи. Како млад музичар и текстописец, сакам само да оставам јасна порака за сите млади луѓе дека животот е прекраток да се оптеретуваме со озборување. Некои ќе ни пречат, ќе ни се гадат, но понекогаш треба први да кажеме ‘доста е’ или само ‘шах-мат’“, вели Тарчуловска која вели дека гордо се потишала на песната како композитор и текстописец.
Продуцент и аранжер на песната е Андреј Ник. “Сценографскиот тим ‘Солушн плус’ и Били Д го снимаа спотот на многу ниски температутури“, вели Мелани Тарчуловска.
Истиот продуцент, Андреј Николов, (Андреј Ник) го направи и ремиксот на хитот на нејзината мајка, „Во бело“, во модерна, техно верзија. Пејачката на промоцијата во март во Скопје рече дека нејзината ќерка Мелани ѝ ја дала идејата песната да продолжи да се слуша, но во верзија која ќе ја слушаат и младите.
М. ЏАРОВСКА