Младиот македонски музичар Петар Саркањац ја објави песната „Me acuerdo de tí“ (Се сеќавам на тебе), која претставува почеток на неговата меѓународна кариера. Саркањац е комплетниот автор на песната со текст на шпански јазик, а ја пее заедно со Иранката Махја Хамеди.
Песната ја сними со бендот од Бостон „Вуду бејби ејлиенс“ (Voodoo Baby Aliens), во кој членуваат 11 музичари од осум земји.
Петар Саркањац е роден во Скопје во 2000. Дипломирал композиција, аранжирање и продукција на престижниот музички колеџ Беркли во Бостон. Моментално го подготвува првиот соло албум, кој би требало да излезе во почетокот на следната година.