МАРИЈА СПАСОВСКА ОБЈАВИ СПОТ ЗА БАЛАДАТА „ЗА ТЕБЕ МОЖАМ СЀ“ ОД МАКФЕСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Марија Спасовска објави видеоспот за баладата „За тебе можам сѐ“, со која настапи на годинашниот Макфест во Штип.

Спасовска е авторка на музиката и текстот, а аранжманот е на Николче Мицевски. Баладата зборува за неостварена љубов, а видеоспотот комбинира снимки од нејзиниот фестивалски настап со дополнително снимени кадри. Видеото е во реализација на продукцијата „Артистик филм“.

„За тебе можам сѐ“ е дел од дебитантскиот албум на Спасовска, „Седатив“, кој го промовираше во јуни.