ПОРАНЕШНИОТ ПОБЕДИК НА МАКФЕСТ ЗОРАН ИЛИЕВ СНИМИ НОВА ПЕСНА ВО БЕЛГРАД

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачот Зоран Илиев, кој во 2011 победи на Макфест, сними нова песна на српски јазик која е наменета за регионалниот пазар.

Песната е со наслов „Не ме болат мене“ (Не боле мене). Музиката ја напиша Панче Касапски, текстот е на Давор Крстевски и Огнен Неделковски, а аранжманот е на Александар Софрониевиќ, со кој соработувале познати регионални пејачи, меѓу кои и Здравко Чолиќ. Мастерингот и продукцијата се на Иван Лековиќ.

„Соработката со Александар Софрониевиќ беше одлична и навистина сум задоволен од конечниот резултат. Ова е само почеток, во иднина подготвувам многу нови проекти за публиката“, вели Илиев.