ПРОМОЦИЈА НА НОВИОТ АЛБУМ НА ЕЛЕНА ХРИСТОВА ОД „БАКЛАВА“ УТРЕ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Елена Христова, пејачката на етно сотавот „Баклава“, утре (1 јули) ќе го промовира својот авторски албум „Јоркулук“. Промоцијата ќе се одржи во скопското „Бифе Тафталиџе“ од 20.30 часот.

„Албумот е мој авторски материјал, а го работев како истражување на обичаите и песните на Јуруците од Источна Македонија. Драго ми е што дојде време за слушачка промоција на албумот“, вели Христова.

Албумот се издава на цеде и плоча, а автор на омотот е Дивна Пешиќ.