РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА СО КОНЦЕРТ ВО СКОПЈЕ НА 23 ЈАНУАРИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Раде Шербеџија со својот бенд „Западни колодвор“ ќе одржи концерт во Филхармонијата на 23 јануари 2026, објави „Баги комуникации“.

„Ова ќе биде концерт на поезија, музика и сеќавања. Раде Шербеџија со децении гради единствен уметнички свет во кој театарот, филмот, поезијата и музиката природно се преплетуваат. Неговите концерти не се само музички настапи. Тие се интимни средби со публиката, приказни за љубовта, загубата, слободата, носталгијата и за човечката судбина, раскажани со глас што носи искуство и вистина“, велат организаторите.

Гостин на концертот ќе биде групата „Скопје виа“ во која пее актерката Јана Стојановска, семејна пријателка на Шербеџија. Хрватскиот актер со светска кариера неодамна со оваа група ја сними песната „Кога умира љубовта“, а песната премиерно ќе биде испеана во живо на концертот.

Влезниците се во продажба преку мрежата на Мк тикетс.

Фото: К. Попов