Пијанистката Марија Ѓошевска ќе одржи рецитал на 7 април во Камерната сала на Филхармонијата од 20 часот.
Ѓошевска вели дека рециталната програма е внимателно конципирана со дела од врвот на пијанистичкиот репертоар. На програмата се „24 Прелудии“, оп. 28 од Фредерик Шопен и „Варијациите“, оп. 22 од Сергеј Рахмањинов, а посебен сегмент е посветен на современото македонско творештво преку изведбата на делото „Фелем“ од композиторката Бете Илин.
Покрај многуте настапи на фестивали и концерти низ Европа и светот, таа е редовна професорка на Факултетот за музичка уметност во Скопје.