„РОЛИНГ СТОУНС“ ЌЕ ЈА ОДБЕЛЕЖИ 60-ГОДИШНИНАТА СО ЕВРОПСКА ТУРНЕЈА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Ролинг стоунс“ ќе ја прослави 60-годишнината со европска турнеја во јуни и јули. Наречена едноставно „Шеесет“, турнејата ќе има седум термини во јуни и исто толку во јули, а ќе почне на 1 јуни во Мадрид.

Концертите ќе се одржуваат исклучиво на стадиони или други големи отворени простори. Незапирливите британски рокери ќе бидат најблиску до Македонија на 15 јули, кога свират во Виена. Меѓу државите што ќе ги посетат се и Германија, Италија, Холандија, Белгија, Франција и Шведска.

По смртта на Чарли Вотс минатата година, на тапани повторно ќе биде Стив Џордан.