Шведската електро-поп ѕвезда Робин се врати на музичката сцена со првиот сингл по осум години пауза. Песната „Ми недостигаш“ е најава на новиот албум, за кој пејачката вети дека ќе излезе до крајот на годината.

Два дена пред објавувањето на песната, Робин го најави своето враќање со седумминутниот краток филм „Ми недостигаш – порака до фановите“.

„Новиот сингл е моја мала порака до фановите дека ми недостигавте“, вели 39-годишната Робин.

Во интервјуто за „Би-Би-Си радио“ во средата, Робин кажа дека нејзиниот долгоочекуван нов албум е завршен и дека ќе излезе кон крајот на годината. Тоа ќе биде нејзин осми албум, но прв по осум години пауза. Оттогаш, таа сними една песна за серијата „Девојки“, која никогаш формално не беше објавена.