СИМОНА ПОПОВСКА СНИМИ ПЕСНА ОД ЕРИК ФОКС, „ЛОВЕЦ И ПЛЕН“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Поп-пејачката Симона Поповска ја објави новата песна „Ловец и плен“. Песната, која е во афро-хаус стил, ја напиша познатиот диџеј и продуцент Ерик Фокс, кој е автор на музиката, аранжманот, миксот и мастерингот. Текстот е на Робин Зимбаков.

„Текстот зборува за тоа кога си уморен од игри, од лажни фасади, од луѓе кои те проценуваат, а не те познаваат. Понекогаш си лавица, понекогаш плен. Но, на крај, сакаш само едно – да си сакан“, вели Симона Поповска.

Режисер на спотот, кој е снимен на плажа во Грција, е Крсте Шупев. Покрај Поповска, во спотот се појавуваат Ава и Љубица, модели од агенцијата „Макс моделс“.