СЛАТКАР И ПАЈАК ГО СНИМИЈА ДУЕТОТ „ЕГО“

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Христијан Настески-Пајак и Марко Маринковиќ-Слаткаристика го промовираа дуетот „Его“ (видео).

Автори на музиката се Пајак и Слаткаристиа, а текстот е на Христијан Тасковски-Таско. Аранжманот, миксот и мастерингот ги направи Иван Јованов-Ивајо.

За дуетската песна е снимен спот кој го режираше Гордан Божиновски и е во продукција на „Урбан рекордс“. Главната женска улога ја игра моделот Јелена Џимревска од Куманово. Спотот е снимен во скопскиот клуб „Ивент центар“, каде што лани Слаткар одржа три концерти, со кои прослави 15 години од првиот албум „Слаткаристика будало“.

„Марко пред 15 години беше дете кое бараше и доби шанса, а Марко денес е момче кое ја живее истата. Се сеќавам на студиото во скривница во нашето маало Ново Лисиче, а во него јас и диџеј Че, заглавени како бегалци, го снимаме албумот, за подоцна да го преработиме кај Јован Јованов во студио“, ни рече Слаткаристика пред концертите лани.