„Заедно“ е новата песна на Дани Димитровска, која е промовирана на музичките платформи. Поп-рок пејачката вели дека песната е снимена одамна и е со позитивна порака.
„Песната е снимена одамна, а преслушувајќи ја неодамна, се потсетив на свежината што ја носи. Енергичниот ‘драјв’ и позитивниот став се добро познати компоненти по кои се водам. Секако, ‘Заедно’ си има и јасна порака. Не сме сами во она што го живееме. А, и секој избор и секоја одлука влијаат на светот кој го градиме. Во ова сме заедно, заемно. Автентичниот израз на зборот и музиката се на Весна Малинова, а звучната свежина на аранжманот и продукцијата се на Јордан Манов“, вели Димитровска.
Таа во септември се омажи за нејзиниот долгогодишен партнер, поранешниот кошаркар Горан Веселиновски. Минатата година, Дани со песната „Пијана“ беше топло пречекана од публиката на Макфест, на кој се врати по пет години пауза.
М. ЏАРОВСКА