СО ГЛОБАЛНА ПРОМОЦИЈА ИЗЛЕЗЕ НОВИОТ АЛБУМ НА ТЕЈЛОР СВИФТ

Њујорк, (Ројтерс)

Новиот студиски албум на суперѕвездата Тејлор Свифт, „The Life of a Showgirl“, пристигна денеска (3 септември) со силна промоција, што вклучува полноќна продажба во продавници, забава во киносалите низ целиот свет и изненадувачки настани во Њујорк и Лос Анџелес.

Албумот следува по „The Tortured Poets Department“, 11. студиски албум на Свифт, кој дебитираше на првото место на американската топ-листата и се продаде во осум милиони примероци во САД.

Свифт ја градеше возбудата за албумот од 11 август, кога почна одбројување на нејзината веб-страница, кое ги држеше обожавателите во исчекување до следниот ден, кога го откри името на нејзиниот 12. албум. Таа потоа гостуваше во подкастот на нејзиниот свршеник Тревис Келси, каде што откри детали за албумот и кога излегува.

Во кината „Еј-Ем-Си“ ќе се прикаже „The Official Release Party of a Showgirl“, 89-минутен филм кој го содржи и првиот спот од албумот, за песната „The Fate of Ophelia“.

Свифт стана културна и економска сила во изминатите години. Нејзината турнеја „Ери“ оствари најголема заработка на сите времиња, надминувајќи две милијарди долари од продажба на билети до нејзиното завршување во декември 2024, според „Полстар“.

(Фото: АП)