Со концертот „Кондензиран воздив по тебе” во Амфитеатарот во Велес, вчера (31 август) заврши „Велешко лето 2025″.
На настанот се пееја и свиреа десетина современи преработки на традиционални велешки песни и ора, изведени од локални музичари и солисти. Меѓу учесниците беа Мики Секуловски со „Налеј, налеј“, Охридеја Дукова (фото) со „Се посврши сербез Донка“, Тони Андреев со „Елено ќерко“ и други. На програмата беа и велешките ора „Калајџиско” и „Рамно велешко“. Песните премиерно беа испеани за Денот на општината, 9 ноември, а публиката со голем аплауз ги награди и овојпат.
„Велешко лето“ траеше повеќе од 50 дена и понуди над 30 разновидни настани, како концерти, изложби, поетски читања, филмски проекции, детски театарски претстави, промоции и други.
П. ПЕЧКОВ