„Тејк дет“ ги откажа плановите за светска турнеја за 30-годишнината од групата поради болест на член на семејството на Гери Барлоу.

Триото, во кое уште се и Марк Овен и Хауард Доналд, планираше да оди на светска турнеја од април, вклучувајќи ги и Австралија и Јужна Америка, но групата засега ќе остане во Европа, за Барлоу да биде поблиску до дома.

„Бевме многу амбициозни за следната година, но се појави болест во моето семејство и нема да можам да патувам интензивно во наредните две години. Им благодарам на моите двајца пријатели за нивното разбирање, но јас едноставно мора да сум дома“, изјави 47-годишниот Барлоу.

„Тејк дет“ ја најави турнејата без поранешните членови Роби Вилијамс и Џејсон Оринџ. Вилијамс го напушти бендот во 1996 година, една година пред неговото распаѓање.