Тејлор Свифт го најави својот 12. студиски албум насловен „The Life of a Showgirl“ по бројни шпекулации од фановите во изминатите 24 часа, поттикнати од нејзиниот маркетиншки тим. Претходниот албум на Свифт, објавен минатата година, го собори рекордот на Спотифај за најмногу стримувања во еден ден.
Засега не е потврдено кога точно излегува албумот. Фановите кои веќе го нарачале албумот добиле порака дека нема да им биде испратен пред 13 октомври, но од тимот на Свифт кажаа дека тоа не е датумот на објавувањето.
Свифт имаше релативно тивок почеток на 2025 година, откако долго време привлекуваше внимание со нејзината мегатурнеја „Ери“, која заврши во декември по одржани 149 концерти во 53 градови. Во мај, таа објави дека ги повратиле правата врз нејзините први шест албуми.
(Фото: АП)