ТРИ ДЕНА КОНЦЕРТИ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗА ДЕНОТ НА РУДАРИТЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Со музичка програма која ќе трае од 26 до 28 август, Македонска Каменица ќе го прослави Денот на рударите

Првата вечер е наречена „Фолклорна магија“ и е посветена на играорците со настап на Културно уметнички друштва од Бугарија и Србија како и  КУД „Вера Јоциќ“ од Македонска Каменица.

Втората вечер, на 27 август е наречена „Рок енергија“ и ќе настапат Спасен Силјаноски, „Риплеј бенд“ и „Дивље јагоде“. На 28 август, вечерта ќе ја отвори хорот од детскиот фестивал „Поточиња“ со маскотата Поки. Забавата потоа продолжува со диџеј Пајак, а истата вечер концерт ќе одржат „Митан проект“ и Андијана Јаневска (фото). На крајот, свој концерт ќе има Дани Димитровска.

Организатори на прославата се Општина Македонска Каменица, Културно-информативниот центар „Романса“, и  рудникот „Саса“.