Турскиот ансамбл „Реј“ вечерва (19 јули) ќе настапи на фестивалот Охридско лето во црквата „Св. Софија“ од 21 часот.
Ансамблот го сочинуваат мецосопранистката Ирем Бушра- Бајир, сопранот Шениз Ердинч, баритонот Артур Багдасароглу, тенорот Берк Озбек и Алпер Акгул на пијано.
„Репертоарот на ансамблот ‘Реј’ на специфичен начин ги комбинира богатството и универзалниот јазик на класичната музика со длабочината и уникатноста на турската музичка култура. Ансамблот изведува дела од Моцарт, Бетовен, Шуберт, како и дела од бројни турски композитори. Нивната основна идеја е дека музиката обединува, поради што како култури двигатели имаат значајно место во културната и уметничката сцена во Истанбул“, велат од Охридско лето.