Црногорскиот кантавтор Владо Георгиев ќе одржи концерт во Скопје на 20 март, во салата „Јане Сандански“ од 20:30 часот. Георгиев доаѓа во Скопје по три распродадени концерти во „Белградска арена“, а ќе има и четврти.
Владо Георгиев е пејач и автор со потекло од Херцег Нови кој живее во Белград. Има издадено три студиски албуми, а стана популарен во 2000-тите во целиот регион. Глумеше во неколку српски серии.
Георгиев настапи во Хераклеја во Битола на 16 август лани. Кoнцертот беше насловен „Господски во Хераклеја“.
Билетите се во продажба преку мрежата на ddtickets.rs.
.