ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ТРИО, „ГАЛИЈА“ И „РИБЉА ЧОРБА“ НА ФЕСТИВАЛОТ СКРИМ ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новото издание на музичкиот фестивал Скрим ќе се одржи на 1 ноемеври во салата „Борис Трајковски“ во Скопје, објави продукција „Прагма“.

Свои концерти ќе одржат Влатко Стефановски трио и српските групи „Рибља Чорба“ и „Галија“. По смртта на Бора Ѓорѓевиќ минатата година, нов пејач на групата „Рибља Чорба“ е Јован Јефтиќ, кој претходно пееше придружни вокали.

„Вечерта ќе биде дополнета со изненадувања, а на сцената ќе се појави и специјален гостин, кој останува во тајност сè до самиот настан“, велат организаторите.

Ланското издание на Скрим фестивалот се одржа во полна сала во Скопје, траеше четири часа, а настапија „Црвена јабука“, „Галија“ и „Прљаво казалиште“. Фестивалот во 2024 се обнови по неколку години пауза.