ВОДИТЕЛКАТА ХАЈЛИ СТАЈНФЕЛД КАКО ЖИВО УМЕТНИЧКО ДЕЛО НА ДОДЕЛУВАЊЕТО НА ЕМ-ТИ-ВИ НАГРАДИТЕ

Билбао, (Дејли мејл)

Жени доминираа на доделувањето на Европските музички награди на Ем-Ти-Ви, при што големата победничка беше Камила Кабељо, но свое сопствено шоу имаше и водителката, американската актерка Хејли Стајнфелд.

На церемонијата што се одржа во шпанскиот град Билбао, младата американска пејачка со кубанско потекло ги однесе трите најпрестижни трофеи, за најдобар уметник, најдобар спот и за најдобра песна, последните два за „Хавана“.

Камила Кабељо со својата колекција трофеи

„Знам како е тоа кога си голем фан. Се сеќавам кога имав 14 години и го гледав ова, едвај чекав моите омилени пејачи да излезат на сцена. Знам дека постои посебна врска помеѓу фан и омилениот пејач и јас имам таква врска со моите фанови“, изјави Кабељо.

И други големи награди, исто така, припаднаа на пејачки: Дуа Липа за најдобар поп, Ники Минаж за најдобар хип хоп и Карди Би за најдобро ново име. Австралијците „5 секндс оф самер“ се најдобри рок изведувачи.

Во стилот на Рита Ора лани, 21-годишната водителка номинирана за Оскар, Стајнфелд, се потруди оваа церемонија да остане запаметена токму по неа. Таа го смени својот изглед дури осум пати во текот на вечерта и во еден момент се претвори во живо уметничко дело, кога нејзиниот бел фустан беше испрскан со сина и жолта боја.