Мадона е предводничка според бројот на номинации за видео музичките награди на Ем-Ти-Ви (ВМА), со вкупно 11 номинации. Меѓу нив се оние за видео, изведувач и песна на годината, како и за најдобра соработка, танц, режија, сценографија, кинематографија, монтажа, кореографија и визуелни ефекти.
Зад неа е Тејлор Свифт со девет номинации, додека Аријана Гранде и Сабрина Карпентер имаат по седум. Бруно Марс, „Пинк Пантерес“ и Зара Ларсон се номинирани во пет категории, Лиса од „Блекпинк“ има четири, а Шакира, Тејт Мекреј, „Џенерејшн“ и Јанг Лин по три.
Меѓу номинираните за изведувач на годината се Мадона, Тејлор Свифт, Аријана Гранде, Бруно Марс, Сабрина Карпентер и Морган Волен.
Годинава има и 26 музичари кои првпат добиваат номинација, меѓу кои „Џенерејшн“, Јанг Лин, јужнокорејската група „Кортис“, Стела Лефти, Дон Толивер, Кали Учис, Ноа Кахан, Оливија Дин, Такер Ветмор и Сиена Спиро.
Доделувањето на наградите ќе се одржи на 27 септември во театарот „Пикок“ во Лос Анџелес.