„ЗОШТО“, НОВА ПЕСНА НА СЕСТРИТЕ ИЛИНА И ЈОВАНА НИКОЛОВСКИ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

„Зошто“ е новата песна на сестрите Илина и Јована Николовски. Автор на песната е Сашо Николовски, а миксот и мастерингот се на Дарко Јовановски. За песната е снимен и спот во режија на Дарко Јовановски.

Илина и Јована се сестри на возраст од 15 и 13 години. Потекнуваат од музичко семејство и од рана возраст изучуваат музика. Покрај музиката, Илина и Јована осум години посетуваат часови по глума во драмско студио.

„Досега имаме снимено 16 свои песни. Првиот настап ни беше на детскиот фестивал ‘Чунга лунга’ во Охрид во рамките на Охридски трубадури во 2016. Следната година настапивме на детскиот музички фестивал ‘Тра-ла-ла’ во Битола, каде добивме и награда“, велат Илина и Јована Николовски.

Во март, тие ја снимија песната „Мајка“, посветена на мајките по повод Меѓународниот ден на жената, 8 март.