Наоми Кембел го доби второто дете. Педесет и тригодишниот супермодел само откри дека бебето е машко, без да изнесе други детали.
Таа го изненади светот во мај 2021 кога објави дека станала мајка. Подоцна, во интервјуто за британски „Вог“ кажа дека девојчето не е посвоено, туку таа му е мајка.
„Вистински подарок од Господ, благословена сум. Никогаш не е доцна да се стане мајка“, напиша Кембел под фотографијата на Инстаграм со која го потврди раѓањето на своето второ дете.
(Фото: АП)