НЕДЕЛА НА МЛАДИ СО КОНЦЕРТИ, ИЗЛОЖБИ И РАБОТИЛНИЦИ ВО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР ВО ОХРИД

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)
Трета година по ред, Младински Центар Охрид организира Недела на млади, по повод 12 август, Меѓународниот ден на младите. Програмата почнува на 11 август во Младинскиот центар во Охрид и ќе трае до 15 август.
Организаторите најавуваат пет дена креативност, музика, филм, младински глас и инспирација.
Ќе се одржат ликовни и музички школи, концерти, диџеј сетови, кратки филмови, мастеркласови, утринска јога и дискусии за историјата и иднината.
Посебен акцент е даден на 12 август, Меѓународниот ден на младите, со вечерна програма која слави млади таленти, идеи и искуства од Европа. Сите активности се бесплатни, а целата програма е достапна на овој линк.