Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“ ќе го одржи традицоналниот новогодишен концерт на 20 декември од 19.30 часот, во Национална опера и балет.
Концертот е насловен „Ритамот на душата, бојата на традицијата“
„Подгответе се за незаборавно патување низ богатата ризница на македонскиот фолклор. На програмата ве очекуваат мајсторски изведби на антологиски македонски ора и песни, раскош на народни носии од сите краишта на Македонија, кореографски решенија кои ги спојуваат традицијата и современиот сценски израз, врвни играорци, пејачи и музичари на Ансамблот кои го носат македонскиот идентитет низ светот“, велат од „Танец“.
Билетите се продавата преку мрежата на Купи карта.