ОБЈАВЕН ДОКУМЕНТАРЕЦ ЗА МЕТЈУ ПЕРИ ВО КОЈ СЕ ОПИШАНИ НЕГОВИТЕ ТРИ ПОСЛЕДНИ ДЕНА

САД, (Индипендент)

Метју Пери примил 27 дози кетамин во последните три дена од неговиот живот, тврди американскиот адвокат Мартин Естрада во нов документарен филм за славниот актер.

Документарецот „Метју Пери: Холивудска трагедија“ е објавен во САД на 24 февруари и ги разгледува последните месеци на ѕвездата на „Пријатели“ пред неговата трагична смрт на 54-годишна возраст од предозирање со кетамин во октомври 2023.

Во документарецот, Естрада вели дека на Пери му биле дадени 27 дози кетамин надвор од неговата препишана терапија за анксиозност и депресија од „луѓе кои требало да знаат многу подобро“. Оттогаш, пет лица се обвинети во врска со смртта на Пери, меѓу кои двајца лекари, неговиот личен асистент и дилер на дрога познат како „Кралот на кетаминот“.

Според обвинението од август минатата година, помошникот на Пери, Кенет Ивамаса и познаникот на Пери, Ерик Флеминг работеле со двајца лекари за ​​да набават големи количини кетамин за Пери во периодот до неговата смрт. Се вели дека Ивамаса му ги дал на Пери последните три дози.