ПАК БИ СЕ ПРИЈАВИЛА ЗА МИС УНИВЕЗРУМ, ВЕЛИ ЛАНСКАТА ПОБЕДНИЧКА ТЕА ЃОРГИЕВСКА ПРЕД НОВИОТ ИЗБОР ЗА УБАВИНА ВО СКОПЈЕ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Теа Ѓоргиевска, актуелната Мис на Македонија за Мис Универзум која победи на ланскиот избор за убавина во Скопје, вели дека учествотото на Мис Универзум во Мексико за неа било одлично искуство.

„Овој избор за убавина ми го смени животот и повторно би се пријавила. Не само поради патувањето и учеството на Мис Универзум, туку и затоа што за првпат верував во себе на начин на кој не сум ни знаела дека е возможно. Научив да одам со исправена глава, да зборувам пред публика, да се грижам за себеси и да бидам свој човек. Подготовките во Скопје и финалната вечер во Националната опета и балет беа магични, но најмногу ми се допадна патувањето во Мексико. Таму сфатив колку е важно да ја претставуваш својата земја со гордост. Секој детаљ, од фустаните што ги носев, до интервјуата за странските медиуми, беше дел од приказната што ја кажував за Македонија“, вели Теа Ѓоргиевска.

До 1 септемвеи трае пријавувањето за новиот избор за Мис Универзум, а Ѓоргиевска вели дека ги охрабрува девојките со и без модно искуство да се пријават. Финалето ќе се одржи на 25 септември во Скопје.

„Подготовките беа интензивни, но многу убави. Имавме фотосесии, интервјуа, модни совети, вежби за говор, хуманитарни активности, и посета на Охрид. Не беше само натпревар, беше животна школа. А најубаво од сè беше пријателството меѓу нас девојките. Би ѝ порачала на мојата наследничка да не се плаши да биде своја. Да слуша, да учи, и никогаш да не се откажува од она што ја прави уникатна. Убавината е многу повеќе од изглед“, вели манекенката која е член на модното студио „Црнокрак“.

Теа Ѓоргиевска е од Куманово, има 22 години. Таа ја претставуваше Македонија на светскиот избор на Мис Универзум на 16 ноември 2024 во Мексико. На манифестацијата која се одржа на 8 октомври во Скопје се натпреваруваа 19 финалистки, од кои се избраа Мис, прва, втора, трета и четврта придружничка. Изборот за Мис Универзум ќе се одржи на 21 ноември во Тајланд.

М. ЏАРОВСКА