Англиската пејачка Џос Стоун објави дека е трудна, само неколку недели откако со нејзиниот сопруг посвоија дете.
„Да кажам дека бев шокирана би било потценување. Никој и ништо не може да ни ја одземе радоста сега. Многу сме збунети“, напиша Стоун на Инстаграм.
Само еден месец порано, таа објави видео за посвојувањето на машко бебе, на кое му дадоа име Бер. Стоун и сопругот Коди ДаЛуз веќе имаат две деца.
Во неодамнешно интервју за списанието „Хелоу!“, Стоун кажа дека Бер се родил 11 недели предвреме, но одлично напредува. Во 2022 таа збореше за тешкото раѓање на нејзиниот син, кога матката ѝ се расцепила.
„И натаму сакам да имам многу деца, но веќе нема да можам да раѓам по природен пат, туку само со царски рез“, кажа Стоун тогаш.
(Фото: Гети)