Откажан е концертот на британската пејачка Џос Стоун, што требаше да се одржи вечерва на Стадионот на АРМ во Градски парк, објави „Авалон“. Ова е последица на големото невреме што попладнево го зафати Скопје, што предизвикало штети и на поставената опрема за концертот.
„По извршената проценка на состојбата, беше констатирано дека не постојат никакви услови просторот и продукциската опрема да се доведат во состојба што би овозможила дури и минимални услови за безбедна реализација на концертот. Дополнително, добивме информации дека постои можност за ново невреме меѓу 21 и 22:30 часот и поради тоа, од безбедносни причини, не постојат никакви услови концертот да се одржи. Сите информации околу повратот на средствата ќе ги добиете во текот на утрешниот ден“, соопшти „Авалон“.
Ова требаше да биде второ гостување на Стоун во Скопје откако настапи на Скопскиот џез фестивал во 2016.
(Фото: Фејсбук)