ПОЧИНА КРЕАТОРОТ НА СУДОКУ, МАКИ КАЏИ

Токио, (Ројтерс)

Маки Каџи, јапонскиот издавач кој ја популаризираше играта судоку што денес ја играат милиони луѓе низ светот, почина од рак на 69 години.

Каџи работел во печатница пред да го покрене првото јапонско енигматско списание. Во средина на 1980-ите, тој зел насоки од веќе постоечка загатка со бројки за да го создаде она што подоцна го нарече судоку, што на јапонски значи „секоја бројка мора да биде сама“.

„Познат како татко на судокуто, Коџи беше почитуван од обожавателите на загатки низ цел свет и сакаме во нивно име да му изразиме благодарност“, соопшти неговата компанија „Николи“.

Судоку стана популарно надвор од Јапонија пред две децении, откако почна да се појавува во весници. Се проценува дека денес има 100 милиони редовни играчи. Од 2006 година се одржува и светско првенство во судоку.