ПОЕТСКА НОЌ ВО ВЕЛЕСТОВО ОД 16 ДО 18 АВГУСТ

Охрид, (СМАРТ СДК.МК)
Од 16 до 18 август во Велестово и Охрид ќе се одржи 36. Поетска ноќ во Велестово. Со поетски портрет ќе биде претставено творештвото на Елизабета Баковска, а во интернационалната програма ќе гостуваат поети од Велика Британија, Ирска, Кина, Хрватска, Србија и Македонија.
Годинава се воведува настанот „Поетско интермецо“, на кој странските поети ќе имаат можност да читаат и пред публиката во Велестово, а не само во Охрид.
Отворањето е на 16 август во 21 часот на сретсело во Велестово со мал концерт на хрватската кантавторка Нина Ромиќ во придружба на Јелена Галиќ. Вечерта ќе биде затворена со изложбата на фотографии „Паметници на заборавот“ од Сашо Димоски во тремот на црквата „Успение на Пресвета Богородица“..
На 17 август од 19 часот, во кафе барот „Шила“ во Охрид ќе се одржи интернационалното поетско читање „Мозаик“, на кое ќе настапат Патрик Котер (Ирска), Фиона Сампсон (Белика Британија), Иван Херцег (Хрватска), Марко Ѓорѓевиќ (Србија), Минг Ди (Кина/САД), Елизабета Баковска, Владимир Мартиновски и Христина Цветаноска (Македонија), а по читањето, уште еден настап ќе имаат Нина Ромиќ и Јелена Галиќ.
(Фото: Фејсбук)