ПРОЈКОВСКИ ВО ЈУЖНА КОРЕЈА ЈА РЕЖИРАШЕ „ПРИКАЗНАТА НА ЕЛЕКТРА“, ВО ОХРИД ДОАЃА НА 20 АВГУСТ

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Македонскиот режисер Дејан Пројковски во Инчеон, Јужна Кореја, ја постави претставата „Приказната на Електра“, по текст на Сашо Димоски. Премиерата беше на 26 јули како дел од програмата на Националниот театарски фестивал.
Станува збор за современа интерпретација на античкиот мит за Електра, во која јазикот на телото, минималните дијалози и прецизната визуелна естетика создаваат универзален сценски израз.

„Работата со корејски уметници беше вистински предизвик, не само поради јазикот, туку и поради нивниот прецизен и визуелно рафиниран пристап кон театарот. Но, токму затоа, кога ќе успееш да се разбереш без зборови, сфаќаш дека темите што ги носи оваа претстава се навистина универзални“, вели Пројковски.

Продукцијата е резултат на соработка помеѓу Театарската асоцијација на Јужна Кореја, Националниот театарски фестивал во Инчеон и театарската лабораторија „Артема“. Овој формат овозможи вклучување на целосна корејска актерска екипа, селектирана преку национален кастинг.

Авторскиот тим зад претставата е главно македонски: Сашо Димовски – автор на текстот и драматург, Сашко Костов – музика, Сергеј Светозарев – сценографија и видеодизајн и Раде Василев – костимографија.

„Приказната на Електра“ на 20 август ќе го затвори Охридско лето.