ПРВОТО БИКИНИ Е КРЕИРАНО ВО 1946 ОД АВТОМОБИЛСКИ ДИЗАЈНЕР

САД, (Хистори фактс)

Костимот за капење има интересна и долга историја. На почетокот на 20. век, од жените во САД и Западна Европа се очекувало да го носат она што било познато како фустани за капење. Тоа биле шарени волнени фустани до колена дизајнирани да се носат на плажа.

Бикини е измислено во 1946 од Луј Реар, француски автомобилски инженер кој станал моден дизајнер. Дизајнот имал четири триаголници од ткаенина – два за долниот дел, два за горниот.

Голата танчарка од казино во Париз, Мишелин Бернардини, првпат ги дизајнирала провокативните костими за капење, делумно поради тоа што ниеден модел на писта не можел да се убеди да позира во нешто што толку открива. Меѓутоа, во следната деценија бикинито стана сеприсутно, благодарение и на филмски ѕвезди како Брижит Бардо и Мерилин Монро, но и поради брзото менување на општествени норми по Втората светска војна.

Дводелниот костим за капење датира уште од антички Рим. Древен мозаик пронајден на ѕидовите на сицилијанска вила прикажува жени кои сега се познати како „девојки во бикини“. Фигурите се прикажани како танцуваат, трчаат и играат во облека за плажа со речиси современ изглед.

Првите костими за капење биле шарени волнени фустани до колена (Фото: Гети)

Постои голем број култни костими за капење кои сега се дел од популарната култура, како едноделниот на Фара Фосет или белото бикини на Урсула Андрес во првиот филм за Џејмс Бонд.

Да се биде топлес во јавноста, без разлика на полот, се сметало за контроверзно во многу градови и држави во САД во првата половина на 20. век, па дури и беше нелегално во многу делови на земјата. Во 1935, полицијата уапсила и казнила 42 мажи кои пливале топлес во Атлантик Сити, Њу Џерси, каде што тоа било забрането. Законот бил укинат во Њу Џерси во 1937 година, а други држави го следеле примерот.