РАЈАН РЕЈНОЛДС И БЛЕЈК ЛАЈВЛИ ГО ЧЕКААТ ЧЕТВРТОТО ДЕТЕ

Лос Анџелес, (Холивуд рипортер)

Една од најпопуларните холивудски двојки Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли го прошируваат своето семејство.

Триесет и петгодишната Лајвли го истакна трудничкото стомаче на Самитот на моќни жени на „Форбс“, што се одржа вчера и извор близок на двојката потврди дека го чекаат четвртото дете.

Рејнолдс и Лајвли ја почнаа врската по снимањето на филмот „Грин Лантерн“ и се венчаа во септември 2012. Во меѓувреме добија и три ќерки, кои сега имаат седум, пет и две години.

(Фото: Гети)