Ријана го чека првото дете со своето момче АСАП Роки и денеска првпат го покажа трудничкото стомаче во јавност. Двојката беше снимена како се шета во близина на домот на американскиот рапер во Харлем и Ријана не се трудеше да го сокрие заобленото стомаче, иако температурите во Њујорк се многу ниски.
Засега не се познати други детали за бременоста на 33-годишната пејачка по потекло од Барбадос.
По неколку месеци шпекулации, Ријана и АСАП Роки во мај 2019 потврдија дека се во врска.