РОБИ ВИЛИЈАМС ГО ДОБИ ЧЕТВРТОТО ДЕТЕ, ВТОРО ОД ИСТА СУРОГАТ МАЈКА

Лондон, (Би-Би-Си)

Роби Вилијамс и неговата сопруга Ајда Филд објавија дека го добија четвртото дете, нивно второ преку сурогат мајка.

„На овој Ден на вљубените сакаме да ја прославиме љубовта на најубавиот можен начин. Нашиот син е роден преку истата неверојатна сурогат мајка како и нашата мајмала ќерка Коко. Сега и официјално сме комплетирани како семејство“, напиша 40-годишната Филд Вилијамс на Инстаграм.

Британскиот пејач и Филд се родители и на седумгодишната Теодора и на петгодишниот Чарлтон. Колет (Коко) Џозефин ја добија во 2018 година.