Фудбалската ѕвезда Том Брејди и супермоделот Жизел Биндшен го комплетираа разводот, потврдија тие на Инстаграм, ставајќи крај на својот 13-годишен брак. И двајцата кажаа дека спогодбено ја донеле одлуката.
„Одлуката да се стави крај на брак никогаш не е лесна, но ние се разделивме и иако е тешко да се помине низ вакво нешто, се чувствувам благословена за времето што го поминавме заедно“, изјави 42-годишната Биндшен.
Двајцата кажаа дека приоритет им се децата и побараа да се почитува нивната приватност.
Брејди и Биндшен се запознаа преку заеднички пријател и се венчаа две години подоцна, прво во црква во Санта Моника, а потоа и во Костарика. Во меѓувреме ги добија синот Бенџамин и ќерката Вивијан.
(Фото: АП)