СЕ РАЗВЕДУВААТ ИКЕР КАСИЉАС И САРА КАРБОНЕРО

Мадрид, (Марка)

Легендарниот шпански голман Икер Касиљас и новинарката Сара Карбонеро се разведуваат, објавија денеска шпанските медиуми. Во брак беа од 2016, но врската ја почнаа шест години порано и заедно имаат две деца.

Тие веќе некое време не живееле заедно, откако лани се вратија во Мадрид од Порто, каде што Касиљас ги помина последните сезони од кариерата.

Веста за разводот следува откако и двајцата надминаа сериозни здравствени проблеми во изминатите години: Касиљас преживеа срцев удар во 2019, што го забрза крајот на неговата кариера, додека Карбонеро истата година се лекуваше од рак на јајник.