Поп-ѕвездата Тејлор Свифт објави дека се свршила со својот партнер Тревис Келси. Во објава на Инстаграм, Свифт напиша:
„Вашата професорка по англиски јазик и вашиот професор по физичко ќе се венчаат“.
Таа притоа објави фотографии на кои ѕвездата на фудбалскиот тим Канзас Сити Чифс ја запросува. Свифт и Келси потврдија дека се во врска во септември 2023.
Таа неодамна гостуваше во подкастот на Келси, каде што сподели информации за својот нов албум и својот приватен живот. Запрашана зошто одбрала да се појави во подкастот кој првенствено е наменет за спортски фанови, Свифт кажа:
„Овој подкаст ми донесе дечко. Тревис го користеше како своја лична апликација за запознавање за да се поврзе со мене“.
(Фото: Инстаграм)