Во Ликовниот салон во Велес отворена е изложба на српскиот автор Катарина Ѓорѓевиќ. Самостојната изложба е насловена „Избришан простор“, кој е циклус од 40 цртежи изработени со акрилни маркери на хартија. Таа со 40 дела изложени во Велес одбележува 40 години работа.
„Поставката е како метафора за тишина. Ја следев реката, која преку брановите брза, ита кон морето, ита кон океанот. Тој се испарува и облаци и дожд, повторно ни се враќа. Тоа е постојан циклус на кружење, што е метафора на нашиот живот. Како реката така и човекот, не можеме да се враќаме назад, се трудиме да постигнеме повисока цел, возвишен, топол“, кажа авторката Ѓорѓевиќ.

Циклусот „Избришан простор“ е одраз на секојдневниот живот, кој се состои од подеми и падови, кој има свој почеток, тек и крај, но е и приказ на тој универзален, вечен живот, кој, како водата, секогаш се обновува и тече.
„Таа е уникатен и интересен автор. Работи техника која е оригинлана и препознатлива за неа, филигранска и естетски многу издржана. Донесе квалитетена изложба и од едукативен и од визуелен аспект“, рече промоторот Ангел Коруновски, директор на Велешкиот музеј.
Ѓорѓевиќ е професорка на Универзитот во Ниш, каде и живее. Студирала и постдипломските студии ги завршила на Факултетот за ликовна уметност во Белград. Ова е нејзина прва самостојна изложба во Македонија, учестувала на повеќе групни изложби.
П. ПЕЧКОВ