ЕВА СОКОЛОВСКА ОД СКОПЈЕ КОЈА ЖИВЕЕ ВО ГЕРМАНИЈА, ОСВОИ ЗЛАТО ЗА МАКЕДОНИЈА ВО РИТМИЧКА ГИМНАСТИКА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Средношколката Ева Соколовска (18) од Скопје која со семејството живее во Германија, освои злато на републичкиот натпревар по ритмичка гимнастика во Верден, Германија.

Таа и нејзината сестра Илина (15) од мали вежбаат ритмичка гимнастика и досега имаат освоено повеќе златни медали.

Илина Соколовска (Фото: Фејсбук)

Ева последниве два месеци настапуваше и во јуниорска категорија, и во германското финале го освои четвртото место. Златниот медал го доби со три кореографи на интернационалниот турнир во градот Верден. Таа учествувше со уште 25 натпреварувачки во јуниорска категорија, и во трите кореографи имаше најмногу бодови.

„Од многу мали тренираме ритмичка гимнастика, и мило ни е што ја претставувавме Македонија на интернационални натпревари во Германија и пошироко. Се радуваме кога блиските од Македонија ќе ни пишат дека се гордеат со нас. Откако ја завршивме оваа сезона се подготвуваме за уште еден предизвик во септември. Го гордост трет пат ќе ги браниме боите на Македонија на Балканското првенство во ритмичка гимнастика во Будва“, велат Ева и Илина Соколовски.

Илина пред неколку недели имаше забележителен настап на натпревар во Баку, Азербеџан.

М. ЏАРОВСКА