СРПСКИОТ АКТЕР МИЛОШ БИКОВИЌ ЌЕ ИГРА ВО НОВАТА СЕЗОНА НА СЕРИЈАТА „БЕЛИОТ ЛОТУС“

САД, (Вараети)

Третата сезона на серијата „Белиот лотус“ на „Ејч-Би-О“, која ќе почне да се снима во февруари, додаде нови актери.

Еден од нив е српскиот актер Милош Биковиќ, заедно со Кери Кун, Моргана О’Рајли, Лек Патравади и Шалина Пирс.

Тие им се придружуваат на претходно најавените нови членови на актерската екипа Лесли Биб, Дом Хетракул, Џејсон Ајзакс, Мишел Монаган, Паркер Поси и Тејме Таптимтонг. Наташа Ротвел ќе се врати во серијата по улогата од првата сезона.

Милош Биковиќ, Моргана О’Рајли, Кристијан Фридел, Шалина Пирс и Лек Патравади

За снимањето и продукцијата, „Ејч-Би-О“ ќе соработува со Управата за туризам на Тајланд.

„Почестени сме што неверојатниот Тајланд е одбран како локација за снимање на новата сезона на серијата. Тајланд долго време важи за една од омилените локации за снимање во светот“, изјави Тапане Киатфаибул од Управата.

Мајк Вајт ја создаде „Белиот лотус“ и е извршен продуцент и режисер.