СТАНАВ БАБА И МОЛЧЕВ ЗА ТОА, РЕЧЕ МИШЕЛ ФАЈФЕР

САД, (Си-Ен-Ен)

Холивудската ѕвезда Мишел Фајфер објави дека станала баба и проговори за тоа како тоа влијаело врз нејзината кариера. Зборувајќи во подкастот на актерите Џејсон Бејтмен, Шон Хејс и Вил Арнет, Фајфер рече дека внучето е рај.

„Многу молчев за тоа, а тоа е рај. Забавно е“, рече 67-годишната Фајфер.

Таа ги има посвоената ќерка Клаудија Роуз (32) и синот Џон Хенри (31) со нејзиниот сопруг, продуцентот Дејвид Е. Кели.

„Да знаев дека ќе бидам баба, немаше да работам толку многу, но уживам во сè и навистина сум благодарна затоа што ја сакам глумата. Всушност, веројатно сега уживам во неа повеќе од кога било, бидејќи сум некако порелаксирана“, рече Фајфер.

Холивудската ѕвезда има долга и богата кариера и во филмови и на телевизија, при што трипати беше номинирана за Оскар. Пред неколку години основа и компанија за парфеми.

(Фото: Филм меџик)