СУПЕРМОДЕЛОТ ЏИЏИ ХАДИД РОДИ ДЕВОЈЧЕ

Њујорк, (Би-Би-Си)

Пејачот Зејн Малик и супермоделот Џиџи Хадид објавија дека станале родители на девојче.

„Нашето прекрасно и здраво девојче пристигна. Љубовта што ја чувствувам кон ова ситно човечко суштество е нешто несфатливо“, напиша 27-годишниот Малик на Инстаграм.

Хадид (25) во април потврди дека е бремена, гостувајќи во шоуто на Џими Фалон.

Малик, кој е поранешен член на поп групата „Уан дајрекшн“ и Хадид се во врска од крајот на 2015, иако во меѓувреме раскинуваа.