Фановите на „Игра на тронови“ конечно го добија она што го чекаа долги месеци: точниот датум на премиерата на осмата и последна сезона.
Ејч-Би-О објави дека првата епизода ќе се емитува на 14 април, проследено со трејлер од една минута и 44 секунди, во којшто Арја Старк (Мејзи Вилијамс), Санса Старк (Софи Тарнер) и Џон Сноу (Кит Харингтон) можат да се видат во подземните одаи на Винтерфел.
Финалето ќе се состои од само шест епизоди, но со должина на просечен филм и Ејч-Би-О на овој начин, сепак, не изглегува од бизнисот базиран врз делата на Џорџ Ар Ар Мартин. Мрежата веќе ја подготвува пилот-епизодата на сè уште неименувана серија, која временски ќе се случува илјадници години пред „Игра на тронови“, со Наоми Вотс во главна улога.
Претходната, седма сезона на „Игра на тронови“ заврши во август 2017.