„КРАЛОТ ЛАВ“ ДОЈДЕ ВО СКОПСКИТЕ КИНА

Скопје, (СМАРТ СДК.МК)

Новиот анимиран хит „Кралот лав“ од денеска, паралелно со светската премиера, игра во скопските кина Милениум и Синеплекс.

Новата, модернизирана верзија на анимираната класика на „Дизни“ доаѓа 25 години по оригиналот. Режирана од Џон Фавро, гласовите ги позајмуваат Доналд Гловер (Симба), Бијонсе (Нала), Чиветел Еџиофор (Скар), Тимон и Пумба се Били Ајхнер и Сет Роген, а 88-годишниот Џејмс Ерл Џонс повторно е Муфаса.

Ова е најновиот римејк на „Дизни“ во форма на фотореална анимација, а следи по големиот успех на „Убавицата и ѕверот“.