Ејч-Би-О ги објави младите актери кои ќе ги имаат главните улоги во новата серија за Хари Потер. Тоа се Доминик Меклафлин, Арабела Стентон и Аластер Стаут, кои ќе бидат новите Хари Потер, Хермиона Гренџер и Рон Визли и ќе се обидат да ја достигнат славата на Даниел Редклиф, Ема Вотсон и Руперт Гринт.
Отворен кастинг за улогите беше распишан минатата година и на него се пријавиле повеќе од 30.000 деца.
Во новата актерска екипа ќе бидат и Џон Литгоу како Дамблдор, Џенет Мекатир како Минерва и Папа Есиеду како Северус Снејп.
Снимањето ќе почне летово, а премиерата на првата сезона ќе биде во почетокот на 2026 на „Ејч-Би-О макс“.
„Серијата ќе биде верна адаптација на легендарните книги на Џеј Кеј Роулинг и планирано е да трае цела деценија“, објави стриминг сервисот „Ејч-Би-О макс“.
(Фото: Ејч-Би-О)