Британската актерка Лили Џејмс ќе ја игра ѕвездата на серијата „Чувари на плажата“, Памела Андерсон, во нов ТВ-проект за нејзината врска со рок ѕвездата Томи Ли. Работниот наслов е „Пем и Томи“, а снимањето ќе почне напролет. Џејмс е позната по улогата во „Мама миа 2“.

Серијата од осум епизоди во продукција на „Хулу“ ќе го опфати и скандалот со секс снимката од 1995, која била украдена за време на нивниот меден месец и потоа излезе во јавност. „Дедлајн“ објави дека тапанарот на „Мотли кру“ ќе го глуми романско-американскиот актер Себастијан Стен, кој се појави во неколку филмови на „Марвел“

Легендата на „Плејбој“ и Ли се венчаа 96 часа откако се запознаа, а се разведоа по три бурни години.